Полициска акција во Ларце, застрелан бегалец кој фрлил бомба врз полицијата

Во тетовското село Ларце, рано утринава припадници на МВР застрелале едно лице при обид за негово приведување, откако тоа пружило отпор и фрлило рачна бомба кон полицајците, соопшти МВР.

Според МВР, се работи за Ј.Р. (38) од Ларце, кој бил баран по меѓународна и централни потерници за издржување вкупна казна затвор во траење од 26 години и 10 месеци и против кое, според полицијата, во периодот од 2000 до 2016 година до ОЈО Тетово и ОЈО Скопје биле поднесени шест кривични пријави за сторени 16 тешки форми на кривични дела меѓу кои кривични дела: “убиство“, “убиство во обид“, “грабнување“...