Писмо од Заев, Иванов лут за преговорите за името, Асад открива детали за САД и Русија во Сирија...

МАКЕДОНИЈА - Владата го објави писмото - замолница од премиерот Зоран Заев до Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Заев демантираше дека барал бришење на зборот македонска од името на МПЦ.

МАКЕДОНИЈА - Од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов соопштија дека целиот процес на разговори за разликата околу името наликува на личен договор меѓу премиерот Зоран Заев и премиерот Алексис Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија.

МАКЕДОНИЈА - Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, го презентираше новиот реформски план - Планот 18 пред претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, предводени од евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој план, според Османи, е продолжение на Планот 3-6-9 се до почетокот на преговорите со ЕУ.

МАКЕДОНИЈА - Една нова дополнително предложена снимка од Основното јавно обвинителство и две веќе емитувани снимки во Кривичниот суд повторно се гледаа на барање на одбраната на рочиштето за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април.

ГРЦИЈА - Во среда на 6 јуни, во 19,30 часот, ќе се одржат 13 паралелни протести за, како што вели организаторот, грчкиот карактер на Македонија, во 13 градови од северниот дел на Грција.

ФРАНЦИЈА - Европскиот суд за човекови права пресуди дека грубо биле прекршени човековите права во тајните затвори на ЦИА на територијата на Романија и Литванија.

ХРВАТСКА - Две деца биле ранети од огнено оружје кога хрватската полиција пукала кон комби со кое се криумчареле мигранти, соопшти хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

СИРИЈА - Во интервју за Раша тудеј, сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека биле многу блузу до директен судир на САД и Русија во Сирија.