Во Собранието пратенички прашања

Архивска фотографија- премиерот Заев на собраниска седница за пратенички прашања

Во Собранието на Република Македонија пратениците денеска ќе имаат можност да им поставуваат прашања на премиерот Зоран Заев и на министрите.

Собраниската седница за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот. Редоследот на поставување прашања е утврден и први на тој список се секогаш пратениците од опозицијата.