Името не е договорено, Бабченко е жив, НАТО ќе го чува црногорското небо...

МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев, на прес-конференција по повод една година Влада, рече дека се уште ништо не е договорено во врска со новото име на Македонија.

МАКЕДОНИЈА - За претседателот Ѓорге Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес, соопштија од кабинетот на претседателот на Република Македонија.

МАКЕДОНИЈА - Судскиот процес против поранешен началник во УБК Горан Грујевски за предметот Тврдина 2 ќе биде повторен. Скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата за Грујевски и ја врати на повторно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство.

УКРАИНА - Шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) изјави дека рускиот новинар и критичар на Кремљ, Аркадиј Бабченко, е жив и дека целиот случај со неговото убиство била специјална операција со која тој всушност бил спасен од ликвидација. Бабченко се појави на пренос во живо заедно со шефот на СБУ и ѝ се заблагодари на украинската безбедносна служба што му го спасила животот.

КИНА - Кинеските власти им се заканија на САД дека се подготвени за трговска војна, доколку САД продолжат со своите царински политики.

АВГАНИСТАН - Најмалку тројца авганистански полицајци биле убиени откако група бомбаши-самоубијци ја нападнале полициската станица во источната провинција Логар, информираа официјалните претставници.

БЕЛГИЈА - Белгиски сојузен обвинител изјави дека нападот во Лиеж, во кој имаше три жртви, се смета за терористичко убиство, а истрагата се фокусира на тоа дали напаѓачот дејствувал сам

РУСИЈА - Индија и Русија ги завршија преговорите за испорака на руски системи за воздушна одбрана С-400 во вредност од околу 5,93 милијарди долари.

ЦРНА ГОРА - Од петти јуни воздушниот простор над Црна Гора ќе го чува НАТО, односно Италија и Грција кои тогаш почнуваат воздушни патроли над таа држава.