Од јуни НАТО ќе го чува црногорското небо

илустрација

Од петти јуни воздушниот простор над Црна Гора ќе го чува НАТО, односно Италија и Грција кои тогаш почнуваат воздушни патроли над таа држава. „Бидејќи Црна Гора нема борбени авиони, сојузниците ќе и помогнат да го обезбеди воздушниот простор“, соопштија од НАТО. Според Алијансата, италијански и грчки авиони ќе бидат и понатаму стационирани во нивните матични држави, и по потреба ќе бидат ангажирани. Ова, како што е нагласено од НАТО, не е одговор на некаква специфична закана, туку е битна компонента што НАТО ја дава како сигурност на своите членки, се вели во соопштението.