Трамп ќе се сретне со Абе пред состанокот со Ким

американскиот претседател Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинзо Абе

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинзо Абе планираат да се состанат пред „очекуваната средба“ меѓу Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун. Трамп и Абе, како што е соопштено, остануваат на ставот дека треба да биде постигната „трајна и целосна демонтажа на нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје на Северна Кореја, како и програмата за балистички ракети“. Американскиот претседател откако во минатата недела ја откажа средбата со Ким, пред два дена изјави дека до неа сепак би можело да дојде, според планираното, на 12 јуни во Сингапур.