Договорот за името во премиерски раце, Русија со закана до НАТО, Птичји грип во Бугарија...

МАКЕДОНИЈА - Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас до доцна синоќа преговарале и постигнале рамка за компромис за името. И двајцата министри потврдија дека конечниот договор е во рацете на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

МАКЕДОНИЈА - Собраниската седница за реконструкција на Владата ќе се одржи во петок на 1 јуни, точно на една година од формирањето на овој состав на владата на Зоран Заев.

ГРЦИЈА - Организаторите на протестите за т.н. грчкиот карактер на Македонија, за 6 јуни, закажаа нови, паралелни демонстрации низ повеќе градови во Грција.

РУСИЈА - Москва е подготвена да одговори на зголемувањето на силите на НАТО кон границите на Русија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, коментирајќи го предлогот на Полска на нејзина територија да се изгради постојана американска воена база.

ГЕРМАНИЈА - Петер Алтмаер, германскиот министер за економија, изјави дека Германија бара да се стави крај на трговскиот спор со САД.

ИТАЛИЈА - Ниту по 12 недели од одржувањето на парламентарните избори, што е рекорд во историјата на Републиката, Италија нема влада. Весникот Кориере дела сера објави дека партиите веќе размислуваат за предвреемни избори што може да се одржат на 9 септември.

ТУРЦИЈА - Курдската исламистичка партија Худа-пар соопшти дека на претседателските избори во Турција ќе го поддржи претседателот Реџеп Тајип Ердоган, јави турската телевизија НТВ.

НОВ ЗЕЛАНД - Во Нов Зеланд се подготвува убивање на околу 150.000 грла добиток за да ја искорени болеста предизвиката од бактеријата Mycroplasma bovis.

БУГАРИЈА - Бугарската агенција за безбедност на храна соопшти дека на фарма за патки во селото Стефаново на севроисток во државата е регистрирана епидемија на птичји грип. Ова е втор пат во ова село да биде регистрирана ваква епидемија.