Северна Кореа и натаму е подготвена на разговори

севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун

Северна Кореја соопшти дека и натаму е за разговори откако американскиот претседател Доналд Трамп нагло го откажа самитот со Ким Џонг Ун планиран за 12 идниот месец со образложение дека Пјонгјанг имал „огромен бес и отворено непријателство“. Заменик шефот на севернокорејската дипломатија Ким Кие Гван денеска одговори на писмото на Трамп наведувајќи дека Пјонгјанг останува отворен за решавање на сите прашања со Вашингтон во секое време и на секаков начин. Тој додаде дека одлуката на Трамп била неочекувана, оценувајќи дека откажувањето на самитот покажува “колку опасно и историски длабоко е непријателство во односите меѓу Северна Кореја и САД и колку е неопходно што поскоро да се реализира самит за подобрување на односите меѓу двете земји“.