На протести во Иран загина едно лице

Дел од повредените на протестите во Иран според објави на социјални мрежи.

Во насилни протести во иранскиот град Казерон загина најмалку едно лице, а шест се повредени, јавија медиуми од земјата. Според нив, демонстрантите запалиле и полициска станица. Полицијата отворила оган со цел да ги растера демонстрантите.

Протестите во градот се одвиваат неколку недели и досега беа мирни. Тие се противат на одлуката ан локалните власти да оддели неколку реони од градот и да ги спои нив во нов град. Властите ветија дека нема да ги поделат реоните.