Узбекистанската Влада со декрет против принудната работа

Поле со памук во Узбекистан

Узбекистанската Влада издаде декрет кој има за цел да стави крај на праксата на принудна работа во земјата. Узбекистан кој е еден од најголемите извозници на памук, со години мобилизираше студенти како и вработени во училиштата и болниците да берат памук. Земјата престана да ангажира малолетници во 2015 година под притисок на меѓународната заедница.

Според декретот, на државните службеници, како и студентите не смее да им се издава наредба за работа, односно берење на памук или чистење на улиците, што досега беше пракса во земјата. Во декретот се повикува и обвинителството и министерството за труд да ги преземат неопходните мерки за спречување на таквата пракса.