Во Подгорица застрелана новинарката Оливера Лакиќ

Оливера Лакиќ

Новинарката на црногорскиот дневен весник „Вијести“, Оливера Лакиќ синоќа била застрелана пред својот дом во Подгорица. Таа е вон животна опасност и е хоспитализирана со прострелна рана во потколеницата. Главниот и одговорен уредник на „Вијести“, Михајло Јововиќ изјави дека на Лакиќ и пришол човек и и пукал во нога, а потоа видела како бегаат две лица. Новинарката Лакиќ беше нападната и пред шест години, исто така пред зградата во која живее, по серијата текстови за нелегалното производство на цигари во некогашната фабрика во близина на Мојковaц. Но, се уште не е откриен мотивот за тој напад.