Српскиот министер за финансии Вујовиќ поднесе оставка

Министерот за финансии на Србија Душан Вујовиќ поднесе оставка

Министерот за финансии на Србија Душан Вујовиќ поднесе оставка на таа функција од лични причини, јавуваат белградските медиуми. Во оставката до премиерката Ана Брнабиќ, како што се наведува, тој напишал дека четири години колку што бил министер, „се сосема доволни човек да се покаже на функција“. Претходно, претседателот Александар Вучиќ изјави дека ќе има реконструкција на владата, но оти во моментот приоритет е „решавањето на косовскиот јазол“.