Крајна фаза во судењето за терористичкиот напад во Стокхолм

Фотографија од судењето на Рахмат Акилов на рочиште во февруари, годинава

Судењето на узбекистанскиот барател на азил Рахмат Акилов кој призна дека го спровел нападот со камион при кој загинаа 5 лица во Стокхолм, минатата година влегува во крајната фаза.

Тој призна дека го возел украдениот камион на прометна пешачка улица во центарот на градот убивајќи тројца Швеѓани меѓу кои и 11 годишно девојче, како и маж од Британија и жена од Белгија. Акилов посочи дека со нападот имал за цел да ги убеди шведските власти да стават крај на нивната борба против милитантната група Исламска држава.