Протести и блокади во Ерменија по повикот на Пашинијан

Демонстранти ги блокираат улиците денеска низ Ереван

Стотици луѓе го блокираа главниот автопат кој го поврзува Ереван со аеродромот како одговор на повикот за протест на опозицискиот лидер Никол Пашинијан по гласањето во Парламентот против неговото назначување на премиерската функција.

И низ главниот град на Еремнија, група на студенти излегоа повторно на протести и повикаа и другите да им се приклучат. Пашинијан протестира со голема група во Ереван и ги повика демонстрантите да им дозволат премин на возилата на министерството за одбрана и за итни случаеви. Пашинијан не доби доволно гласови за да стане премиер. Следното гласање се очекува во идната недела.