Иран најави одговор за наводниот израелски напад во Сирија

илустрација

Висок ирански претставник изјави дека Иран ќе одговори на „соодветно место и време“ на наводниот израелски ракетен напад во кој биле убиени неколкумина иранци во Сирија. Ова е прв директен одговор на нападот врз две бази на северот на Сирија во неделата за кој се верува дека го извршил Израел. Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман, одговорајќи на најновите закани од Техеран, изјави дека Израел не се плаши и оти ќе реагира соодветно.