Трамп: наскоро ќе се знае времето и местото на состанокот со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека до крајот на неделава ќе бидат објавени датумот и местото на неговиот состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Претходно Трамп рече дека состанокот би можело да се одржи кон крајот на мај и почетокот на јуни и оти би можел да биде во демилитаризираната зона која ги дели двете Кореи. Како можна локација се разгледува и Сингапур. „Сакам мир. Тоа е главната работа, сакаме мир. Тоа е голем проблем и мислам дека ќе успееме да го решиме“, изјави Трамп.