Седница на Економско-социјалниот совет

премиерот Зоран Заев

Во Владата денеска свечена седница ќе одржи Економскиот социјален совет, трипартитно тело, формирано од македонската Влада и социјалните партнери за водење социјален дијалог и создавање услови за економска и социјална стабилност. На седницата, како што информира владината прес-служба, ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев и членовите на Советот, односно претставници на Синдикатите, работодавците и ресорните министерства.