САД: Нападот во Кабул, атак врз камен темелникот на демократијата

Сабавун Какар / Абадулах Хананзај / Махарам Дурани, новинари на РСЕ кои беа убиени во нападот во Кабул на 30 април 2018.

Соединетите држави го осудија убиството на новинари во вчерашниот бомбашки напад во Аганистан и ги обвинија милитантите за обид да ги спречат претстојните избори со тоа што вршат напади врз „камен темелникот на демократијата“. Американскиот државен секретар Мајк Помпео на Твитер оцени дека двојниот самоубиствен напад во Кабул во кој загинаа 25 луѓе, вклучувајќи и деветмина новинари бил бесмислен и варварски чин. „Независните медиуми се камен темелник на демократијата“, напиша тој. Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот. Меѓу убиените се и двајца новинари на Радио Слободна Европа, и една жена која наскоро требаше да биде дел од РСЕ.