Пашинијан номиниран за премиер на Ерменија

Ерменскиот опозициски лидер Никол Пашинијан

Ерменскиот опозициски лидер Никол Пашинијан кој ги предводеше протести во земјата официјално е номиниран од неговата Јелк алијанса за премиер на земјата, еден ден пред гласањето во Парламентот за новиот шеф на Владата по оставката на Серж Саркисјан од функцијата.

Пашинијан кој ја обезбеди поддршката на сите опозициски партии едногласно беше номиниран од Јелк. Неговата номинација доаѓа по протестите на неколку илјади луѓе на кои беше побарано владејачката Републиканска партија да ја предаде власта на Пашинијан и да го избере него за премиер.