Израелски војници убиле тројца Палестинци кај Газа

илустрација

Тројца Палестинци биле убиени синоќа од израелски војници во два инцидента на границата меѓу Појасот Газа и Израел. Со тоа бројот на Палестинците убиени од 30 март, кога почнаа нивните масовни протести по должината на границата се зголеми на 48.

Протестите се против израелската блокада и за правото за враќање на палестинските бегалци на сегашната територија на Израел. Палестинците протестираат секој петок. Израелската војска е обвинета дека користела прекумерна сила.