Американскиот Сенат го потврди изборот на Помпео за нов државен секретар

Новиот американски државен секретар Мајк Помпео

Американскиот Сенат го потврди изборот на досегашниот шеф на ЦИА, Мајк Помпео, за нов државен секретар. На новата позиција го чекаат горливи проблеми како иранската нуклеарна програма и Северна Кореја со чиј лидер неодамна се сретнал.

Речиси веднаш по изборот, Помпео треба да замине на состанок на НАТО во Брисел, што е уште една чувствителна тема од надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп.