Нови протести и тензии во Ерменија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во Ереван, Ерменија, денеска повторно масовни протести откако привремениот премиер Карен Карапетиан ги откажа преговорите со опозицијата. Илјадници луѓе излегоа на улиците, а распоредени се и илјадници полицајци. Протестите во Ерменија започнаа во средината на април, поради изборот на Серж Саркасјан за премиер. Тој претходно 10 години беше претседател на државата. Поради протестите, Саркасјан поднесе оставка на 23-ти април, но демонстрантите се против останувањето на на власт на неговата партија. Бараат привремениот премиер да биде од народот пред организирањето на предвремени парламентарни избори.