Честитки ама и реформи, расте злоупотребата на службената положба, Сиријците се враќаат дома, Прво кино во Саудиска Арабија...

Macedonia - Press conference of the Euro - Atlantic Council of Macedonia on the occasion of NATO - April 4. US Ambassador Jess Bailey speaks to the media - 4Apr3017

МАКЕДОНИЈА - Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, во македонското Собрание порача дека е време да се трча заедно, да се трча и со соседи и оти верува дека така ќе се стигне многу далеку. Таа го поздрави единството меѓу политичките чинители и побара тоа да продолжи.

МАКЕДОНИЈА / ТУРЦИЈА - Македонија и Турција се соочија со слични инциденти, односно со она што се случи во 2016 година по обидот за неуспешниот преврат во Турција и по насилното влегување во Собранието на Македонија. И токму тие случувања покажуваат дека двата парламента, двете држави делат исти искуства и исти проблеми во развојот на демократијата и на институциите, и во тој контекст е оваа заемна поддршка да се надминат последиците од тие настани, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери по средбата во Анкара со спикерот на турскиот Парламент Исмаил Кахраман.

САД - Американскиот Стејт департмент соопшти дека дава безрезервна поддршка за евроатлантската иднина на Македонија по добивањето на препорака за отпочнување на преговори со ЕУ.

МАКЕДОНИЈА - Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров изјави дека се фокусирани на тоа да ги убедат сите вклучително и Грција дека е добро Македонија да стане сојузник во ЕУ и НАТО. Тоа, според него, ќе биде добро не само за Грција, туку и за целиот регион.

МАКЕДОНИЈА - Криминалитетот во Македонија генерално има стапка на опаѓање, но за 111 насто имаме зголемување на кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на Прилеп.

ИТАЛИЈА - Одговорност во случајот со екскурзијата на неготински средношколци во Италија мора да има, наставниците и директорот на училиштето во ниту еден случај не смееле да ги остават учениците сами и да заминат без нив. Педагошки мерки мора да има и за учениците кои недолично се однесувале, реагира Министерството за образование по инцидентот со македонските малолетни екскурзијанти во Италија во кој наставниците го продолжле патот од Италија за Франција, оставајќи ги сами двајца ученици кои не дошле во закажаното време за поаѓање на автобусите.

СРБИЈА - Српскиот државен врв го осуди инцидентот што го предизвика Воислав Шешељ во Собранието на Србија, газејќи го знамето на Хрватска и пцуејќи ја хрватската парламентарна делегација, но, според хрватскиот државен врв, осудата била двосмислена, а српскиот претседател Александар Вучиќ го релативизирал настанот. Хрватска предупреди дека какво е извинувањето на Србија за овој инцидент, такви ќе бидат и односите на Хрватска со српската држава.

ЕРМЕНИЈА - Повеќе од 100 демонстранти се уапсени во Ереван по судири се полицијата додека се обидувале да го блокираат влезот во владината зграда во Ереван на седмиот ден од протестите против назначувањето на поранешниот претседател на државата Серж Саркисјан на премиерската функција.

БЕЛОРУСИЈА - Европскиот парламент со големо мнозинство ја одобри резолуцијата со која се осудува прогонот на независните медиуми пред и по локалните избори во Белорусија во февруари 2018 година.

СИРИЈА - Неколку стотици Сиријци кои со години живееја како бегалци во Либан, заминаа за својата родна земја. Тоа е редок случај на масовно враќање на оние што ја напуштија земјата по почетокот на сириската граѓанска во 2011 година.

САУДИСКА АРАБИЈА - Саудиска Арабија ја отври првата комерцијална кино сала во изминативе 40 години со прикажување на холивудскиот блокбатсер Црниот пантер. Киното е отворено во главниот град Ријад и претставува уште еден чекор во промените што ги презеде крунскиот принц Мухамад бин Салман кој вети дека ќе ја реформира земјата на културно поле, но и во надминувањето на нејзината економија од извозот на нафта. На кино претставата присуствувале и мажи и жени и со неа заврши 40 годишната забрана на јавни кино сали. Во наредниве 12 години е планирано да бидат отворени уште 300 кино сали.