Боздаг: ЕУ не е ни праведна ни објективна кон Турција

Европска унија не се однесува ниту праведно ниту објективно кон Турција, изјави портпаролот на турската Влада Бекир Боздаг откако еврокомесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан оцени дека Анкара брзо се одалечува од патот кон членство во Унијата. „Позитивните оценки опфатени со извештајот на ЕУ за напредокот на Турција во процесот на придружување не го замаскираа неправедниот третман на ЕУ кон земјата“, посочи Боздаг. Хан претходно изјави дека „Турција продолжува да се оддалечува од ЕУ со големи чекори, посебно во сферата на владеење на правото и фундаменталните права“, како и дека Анкара се движи кон авторитаризам.