Во Скопје дигитален самит на Западен Балкан

илустрација

Првиот Дигитален самит на Западен Балкан, што денеска и утре ќе биде одржан во Скопје, ќе ги собере шефовите на владите на државите од регионот и министрите задолжени за дигиталната агенда и од државите на Европската унија кои учествуваат во Берлинскиот процес. На самитот ќе бидат одржани панел дискусии, меѓу другото и во врска со дигиталната поврзаност, интеграцијата на економијата во регионот, подобрувањето на кибернетската сигурност.