Мајк Помпео се сретнал со Ким Џонг Ун

Мајк Помпео кој е номиниран од претседателот Доналд Трамп за нов државен секретар

Американските медиуми јавуваат дека Мајк Помпео кој е номиниран од претседателот Доналд Трамп за нов државен секретар се сретнал со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во врска со најавената тет а тет средба меѓу Трамп и Ким за нуклеарната програма на Северна Кореја. Разговорите меѓу Ким и Помпео кој е диркетор на ЦИА во заминување, според „Вашингтон пост“, се одвивале за време на тајната посета на Помпео на Северна Кореја на Велигденските празници. Претходно Трамп изјави дека неговиот состанок со Ким веројатно ќе биде во почетокот на јуни или порано и оти се разгледувале пет места каде што тој би се одржал.