Украински војник загинал во борбите во источниот дел на земјата

Украински војници, илустрација

Украинските власти соопштија дека еден војник загинал, а 5 биле повредени во борбите во источниот дел на земјата. Според министерството за одбрана, проруските сепаратисти го прекршиле примирјето 52 пати во изминатите 24 часа.

Во меѓувреме и проруските сепаратисти тврдат дека украинските владини сили го прекршиле примирјето со тоа што извршиле напад врз градот Хорливка во Доњецк. Од почетокот на конфликтот во април 2014 година во конфликтот во источна Украина загинаа 10 300 лица.