Продолжува судењето за „Поткуп“

Премиерот Зоран Заев е обвинет во случајот „Поткуп“.

Во Кривичниот суд на денешното рочиште за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, треба да продолжи слушањето на разговорите од Посебните истражни мерки. Слушањето на разговорите поврзани со предметот почна на минатото рочиште без присуство на јавноста во судницата. Премиерот Заев по завршувањето на минатото рочиштето рече дека во разговорите апсолутно нема никакви докази и оти станува збор за редовни комуникации на тогашен градоначалник со осомниченото лице и сите други лица, како што се директори на институции, граѓани кои се јавуваат кај тогашниот градоначалник на Струмица. Зоран Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.