Нова вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради Сирија

На руско барање, во Њујорк ќе се одржи уште една вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, посветена на американско-британско-француски ракетен напад врз Сирија.

Перу, кој претседава со Советот, официјално соопшти дека е свикана седница.

САД, Британија и Франција истрелаа стотина ракети врз цели во сирискиот главен град Дамаск и во градот Хомс, како одговор на нападот со хемиско оружје во сирискиот град Дума.

Русија и Иран остро го осудија нападот.