Бомбите влегуваат и во Тендери, Нема нова граница за пензионирање, Руската воена полиција тргна во акција...

МАКЕДОНИЈА - Судот го одби барањето на одбраната во случајот на СЈО Тендери за исклучување на јавноста од презентирањето на аудио снимките.

МАКЕДОНИЈА - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека зголемување на старосната граница нема да има, а пензиите се стабилни и безбедни.

МАКЕДОНИЈА - Кривичниот суд во Скопје донесе втора ослободителна пресуда за четворица обвинети во случајот на тројцата убиени полицајци на влезот во Арачиново во јануари 2000 година. Од натамошен прогон во меѓувреме беа ослободени и двајца обвинети кои веќе се починати.

РУСИЈА - Група руски пратеници изготвија легислатива како одговор на новите санкции на САД, изјави заменик-претседателот на државната Дума Иван Мелников. Во нацрт-законот се предвидува забрана на увоз на стоки и услуги од САД и нивните сојузници во Русија, како и ограничување на економските врски.

САД - Наменуваниот иден американски државен секретар Мајк Помпео во текот на сослушувањето во сенатскиот Комитет за надворешна политика вети цврст став спрема противниците на САД кои се во лоши односи со Русија и Кина. Помпео, директор на ЦИА од доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа во почетокот на минатата година, во минатиот месец беше наименуван за шеф на дипломатијата по смената на Рекс Тилерсон.

СИРИЈА - Руската воена полиција започнала да оперира во сирискиот град Дума по повлекувањето на бунтовниците, соопшти директорот на Рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија Јури Евтушенко.