Русија побара седница на СБ на ООН за Сирија

рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија

Русија за денеска побара да биде одржана седница на Советот за безбедност на ОН за воената акција која САД имаат намера да ја спроведат во Сирија, соопштија дипломатски извори во Њујорк. Барањето го поднесе рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија кој наведе дека приоритет е да се избегне таквата операција во Сирија, бидејќи би можела да доведе до „опасна конфронтација меѓу Вашингтон и Москва“. Западните земји на чело со САД се заканија со воена акција против сирискиот режим кој го обвинуваат за неодамнешниот напад со хемиско оружје во Дума, последното упориште на бунтовниците кај Дамаск.