Коѕијас пристигна во Охрид - Вечерва неформално, утре официјално

Macedonia - Прес-конференција на министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров во Скопје - 23Mar2018

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас допатува во Охрид на трета средба со неговиот македонски колега Никола Димитров, како дел од најновата рунда преговори за спорот за името.

Предвидено е тој вечерва да има работна вечера со неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, додека официјалниот дел е предвиден за утре.

Пред пристигнувањето на Коѕијас во Охрид и двајцата министри изразија оптимизам и надеж за успешни преговори и позитивни резултати и за двете страни.

Наскоро се очекува и средба на двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, средба за која шефот на македонската влада рече дека е клучна за решението.