Шешељ осуден на 10 години затвор

Воислав Шешељ на прес-конференција во Белград на 7 декември, 2017 година

Апелационите судии на ОН го осудија српскиот националистички политичар Воислав Шешељ на 10 години затвор за злосторства извршени за време на балканските војни. Судиите посочија дека казната на Шешељ веќе била отслужена поради времето што го поминал во притвор во Хаг.

Шешељ е обвинет дека извршил злосторства против несрпско население во Хрватска, во Војводина и во Босна и Херцеговина за време на војните во деведесеттите години на минатиот век. Шешељ не беше присутен на изрекувањето на пресудата.