Во авионската несреќа во Алжир загинаа 257 лица

Спасувачки екипи околу воениот авион кој се урна во Алжир

Алжирското министерство за одбрана соопшти дека 257 лица загинале од кои повеќето војници и членови на нивните семејства при уривањето на воен авион во земјата.

Несреќата се случила при полетувањето на авионот во близина на аеродромот Боуфарик, а меѓу жртвите се и 10 членови на екипажот, како и 26 припадници на Фронтот Полисарио кој се бори за независност на Западна Сахара од Мароко. Се уште не се знае причината за несреќата.