Коѕијас: Реализам и прагматизам е клучот на решението за името

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас за време на посетата на Скопје во март, годинава

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска по средбата со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Белград изјави дека е направен чекор напред во решавање на спорот за името и оти за негово затворање е потребен компромис.

„Реализам и прагматизам е клучот на решението. Потребен е компромис, но не гнил компромис. Двете страни мора да разберат дека не можат да добијат се“, изјави Коѕијас.

Коѕијас од Белград ќе отпатува за Охрид каде што утре ќе има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.