Русија предупреди на последици од западните удари врз Сирија

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја

Русија предупреди на „тешки последици“ во случај на западни воздушни удари врз Сирија по нападот со хемиско оружје во сирискиот град Дума што Москва го негира. Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја им порача на западните земји да ја напуштат „воинствената реторика“. Според него, во саботата во Дума немало „никаков хемиски напад“ и оти за тоа не постојат докази.