Сирија обвинува за напад, САД велат не го извршиле

SСириските државни медиуми јавуваат дека имало ракетен напад врз воена воздушна база

Сириските државни медиуми јавуваат дека имало ракетен напад врз воена воздушна база во центарот на земјата при што биле убиени неколку луѓе. Од друга страна американските сили соопштија дека тие не извеле воздушна напади врз Сирија. Нападот, според сириската државна агенција САНА се случил денеска во близина на градот Хомс. Пентагон издаде соопштение дека во тоа време не бил извршен никаков напад во Сирија. „Како и да е, продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги поддржуваме сегашните дипломатски активности за запирање на оние што користат хемиско оружје во Сирија“, се наведува во соопштението на Пентагон. Сирискиот режим демантира дека извршил хемиски напад.