Тачи и Харадинај ја активираа групата за изработка на Статутот на ЗСО

Претседателот на Косово Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај

Претседателот на Косово Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај повторно ја активираа раководната група која ќе работи на предлог-статуот на Заедницата на српски општини. Во процесот ќе бидат вклучени и меѓународни механизми, кои му помагаа на Косово во сите фази и тоа ќе биде „значаен чекор за Косово на неговиот пат кон евроатлантските интеграции“. Со овој чекор, Косово исполнува уште една меѓународна обврска, докажувајќи ја посветеноста на евроатлантскиот пат, се наведува во соопштението на Владата на Косово.