Цукерберг на сведочење во американскиот конгрес

Архивска фотографија-основачот и директор на Фејсбук Марк Цукерберг

Извршниот директор на Фејсбук Марк Цукерберг е повикан да сведочи пред американскиот конгресен панел на 11 април во врска со наводното неправилно чување на податоците на корисниците на социјалната мрежа.

Според лидерот на комитетот за енергетика и трговија тоа ќе биде важна можност да се зборува за приватните податоци, а Американците подобро да разберат што се случува со нивните лични информации кога се на интернет.

Фејсбук беше на удар откако свиркачот Крис Вајли објави дека лични податоци на околу 50 милиони корисници биле дадени на фирмата Кембриџ Аналитика. Фирмата која во 2016 година беше најмена за претседателската кампања на актуелниот претседател Доналд Трамп, негираше какви било злоупотреби.