Лидерите на Иран, Турција и Русија на средба за Сирија

Претседателите на Иран, Турција и Русија на средба во ноември, минатата година

Претседателите на Иран, Турција и Русија денеска ќе остварат средба во Анкара со цел да разговараат за иднината на Сирија и како да го зголемат нивното влијание во земјата. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе биде домаќин на неговиот руски и ирански колега Владимир Путин и Хасан Рохани на вториот самит на трите земји за помалку од шест месеци.