Путин зачуден од западните антируски потези

Рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на Турција, Анкара, 03.04.2018.

Рускиот претседател Владимир Путин изрази збунетост околу тоа колку бргу Западот ја обвини Русија откако шефот на британската воена лабораторија Гери Ејткенхед изјави дека научниците не го утврдиле „прецизниот извор“ на нервниот гас „новичок“ кој беше употребен во труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Сепак, Ејкенхед во интервју за „Скај њуз“ изјави дека напад со толку опасно хемиско оружје може да биде изведен само од „државен актер“. Путин смета дека изјавата на Ејткинхед е доказ оти британските обвинувања за руската вмешаност во труењето, која доведе до протерување на над 150 руски дипломати, биле неосновани.