САД благодарни на Македонија за солидарноста околу случајот Скрипал

Висок претставник на Стејт департментот, како што јавува МИА, изјавил дека Соединетите држави високо ја ценат солидарноста на Македонија со зедничката американско-европска акција против Русија во случајот со труењето со неревен гас на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија.

„Благодарност за Македонија искажавме во повеќе прилики досега на средби на високо ниво со нашите НАТО сојузници“, се вели во изјавата во која се додава дека и оставаат на воената алијасна да реши какви понатамошни чекори ќе преземе во однос на Русија доколку, како што се наведува, Москва ја продолжи агресијата.