Сириските бунтовниците го напуштаат последното упориште во Гута

источна Гута

Руската војска соопшти дека бунтовниците продолжуваат да ја напуштаат Дума, последното бунтовничко подрачје во источна Гута, на северот на Сирија. Началникот на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни генерал мајор Јуриј Јевтушенко изјави дека над илјада и сто бунтовници и членови на нивните семејства ја напуштиле Дума во последните 24 часа. Тие со автобуси биле префрлени во бунтовничката енклава Идлиб. Сиријската влада со поддршка на руската војска побара најголемата сириска бунтовничка група „Војската на исламот“ да ја напушти северна Сирија.