Цукерберг: Ќе треба време да ги решиме проблемите на Фејсбук

На Фејсбук најверојатно ќе му требаат „неколку години" за да ги реши проблемите што беа откриени со скандалот поврзан со „Кембриџ аналитика“ за пропустите на социјалната мрежа при заштитата на личните податоци на корисниците, изјави основачот на компанијата Марк Цукерберг.

Еден од главните проблеми на Фејсбук е неговиот „идеализам", бидејќи тој долго време ги гледаше само добрите аспекти на интернет-врската меѓу луѓето, изјави Цукерберг.

Во интервју за сајтот „Вокс“ сопственикот на Фејсбук истакна дека социјалната мрежа потрошила доволно време за да инвестира или да размисли за лошите аспекти на користење на некои од нејзините алатки.