Кривична постапка против поранешниот романски претседател

Романскиот јавен обвинител побара поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску, екс-премиерот Петре Роман и некогашниот вицепремиер Гелу Волкан Војкулеску да бидат кривично гонети за злосторства против човештвото и за нивната улога во крвавата антикомунистичка револуција во 1989 година. Јавниот обвинител Аугустин Лазар упати барање до шефот на државата Клаус Јоханис да одобри кривично гонење на поранешните функционери. За нивно гонење неопходно е одобрение од претседателот на Романија, бидејќи тие биле функционери во времето кога биле извршени злосторствата. Роман ваквиот чекор го оквалификува како „апсурден“.