Да бев виновен немаше да сум тука, Кинеска царина за американските производи, Боко Харам пак убива...

МАКЕДОНИЈА - Поранешниот премиер Никола Груевски изјави дека да имало докази против него за насилствата во Собранието на 27 април, минатата година тој одамна немало да биде тука. Според него, тоа не значи и дека тие што се уапсени за случајот се виновни.

МАКЕДОНИЈА - Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ги информирал претставниците на државниот врв и на политичките партии за текот на разговорите за името.

РУСИЈА / ЧЕШКА - Руските власти соопштија дека одлуката на Чешка да екстрадира руски хакер во САД е со цел да се поткопаат билатералните односи меѓу двете земји. Според соопштението, Москва е навредена од екстрадицијата на Јевгениј Никулин кој е баран во земјата и во САД за кражба на податоци.

ТУРЦИЈА / ИЗРАЕЛ - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разменија навреди околу најновите судири на границата со Газа во кои загинаа најмалку 15 палестинци.

КИНА - Кина воведе увозни такси на месо, овошје и други производи од САД како одговор на американските даноци за челик и алуминиум што ги воведе претседателот Доналд Трамп. На свинското месо од САД таксата ќе биде 25 насто, додека за другите производи и услуги, вклучувајќи овошје, таа ќе изнесува 15 проценти.

НИГЕРИЈА - Осомничени милитанти од исламистичката група Боко Харам убиле 15 лица, а 68 биле повредени во напад во североисточниот град Маидугури во Нигерија. Тоа е најголемиот напад откако нигериските власти во минатата недела соопштија дека започнале разговори со милитантите.

ИНДИЈА - Индиските власти соопштија дека најмалку 20 лица се убиени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Кашмир. Според властите, тројца индиски војници, 13 осомничени милитанти и 4 цивили загинале, а десетина биле повредени. Протестите започнале како резултат на операцијата на индиските власти против бунтовниците во Кашмир.

КИНА - Кина соопшти дека нејзината нефункционална вселенска станица влегла во атмосферата на Земјата и изгорела над Јужен Пацифик со што заврши нејзината седумгодишна мисија. Кинеската вселенска агенција соопшти и тоа дека по се изгледа ниту еден дел од станицата нема да падне на Земјата.