Турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Турски воени авиони извршија серија нарушувања на грчкиот воздушен простор над Егејско Море, еден ден по строгите препораки од Европска унија кон Анкара на Самитот во Варна, објавија грчки медиуми. Девет турски авиони-ловци, од кои шест вооружени, 45 пати навлегле во грчкиот воздушен простор во североисточниот, централниот и југоисточниот дел над Егејско Море, но притоа немало конфликтни ситуации.

Според податоци на Генералштабот на националната одбрана на Грција, 33 од нарушувањата биле извршени од два разузнавачки авиона, едно од турски хеликоптер, а останатите 11 нарушувања од турски авиони ловци Ф-16. Турски авиони пет пати ја нарушиле зоната над Атина, но биле пресретнати од грчката воена авијација.