Тачи и Могерини се согласиле дека е неопходно намалување на тензиите

Aрхивска фотографија- претседателот на Косово Хашим Тачи

Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска разговараше со високата претставничка на Европската унија Федерика Могерини. Тој со неа се согласил дека е неопходно намалување на тензиите затоа што нема алтернатива за дијалогот, се наведува во изјавата за медиумите на косовскиот претседател. Во неа се додава дека Могерини истата порака ќе му ја пренесе на српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Тачи наведува и дека на денот на кој Косово го почнало процесот за изработка на статутот за формирање на Заедници на општини со српско мнозинство се случила провокација од страна на Србија, а тоа како што пишува, ја потврдува и одлуката на српската листа за излегување од косовските институции.

Тој го потврдува претходниот негов став дека косовската полиција за време на приведувањето на шефот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија Марко Ѓуриќ покажала професионалност.