Снимката за „Поткуп“ нема да биде објавена на денешното рочиште

Премиерот Зоран Заев пред Основен суд Скопје 1, на судење за случајот „Поткуп“ на 06.03.2018 година

На денешното рочиште за „Поткуп“ кое е во тек во Кривичниот суд нема да биде пуштена целосната снимка за овој случај, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Обвинителството побарало одлуката за објавување на снимката да ја добие на писмено, бидејќи ќе се жали за истата на повисок суд.

На рочиштето присутен е и сведокот Иван Николов Сачевалиев. Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од Сечевалиев од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.