Лажните вести од Македонија на списокот на Закерберг, Кремљ вели Путин не е Хитлер, Лондон не сака валкани руски пари...

МАКЕДОНИЈА / САД - Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен изјави дека во минатата година откриле голем број лажни профили од Македонија од каде се ширеле лажни вести на прашањето што презема социјалната мрежа во борбата против мешање во избори.

МАКЕДОНИЈА - Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Уставот и законите се јасни, при што претседателот на Собранието, Талат Џафери не смее да си дозволи да го потпише Законот за употреба на јазиците на местото наменето за потпис на претседателот Ѓорѓе Иванов.

УКРАИНА - Украинските безбедносни сили ја уапсиле Надја Савченко, пратеничка и поранешна заробеничка на Русија, која е обвинета за заговор за спроведување на терористички напад врз законодавниот дом.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Се погласни се барањата до британската влада да превземе мерки против сомнителниот имот на руски индивидуалци во Велика Британија. Според Транспаренси интернешнел, имот во вредност од најмалку 940 милиони фунти, на повеќемина Руси, е со сомнително потекло.

РУСИЈА - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека споредбата на британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон меѓу светскиот куп во Русија со олимпијадата во нацистичка Германија во 1936 година е одвратна и неприфатлива.

ТУРЦИЈА - Турската компанија Доган холдинг соопшти дека започнала преговори за продажба на најголемата медиумска групација во земјата на Демирорен холдинг, чиј сопственик е близок до претседателот Реџеп Таип Ердоган.

БЕЛОРУСИЈА - Триесет и пет членови на Европскиот парламент преку писмо упатија критика за позицијата на ЕУ кон Белорусија во кое наведуваат дека односите со Минск се базираат на економската соработка и трговијанаместо на човекови права, демократија и владеење на правото.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британската премиерка Тереза Меј бара од другите лидери во ЕУ да го поддржат Лондон во осудата на Русија за наводно труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка со смртоносен нервен агенс.